Skoda со официјални скици од новиот модел Kamiq

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата, а по објавување на краткото тизер видео, чешкиот производител Skoda поточно центарот за дизајн на овој производител на интернет ги објави официјалните скици.

Од скиците може да се види дека предниот дел односно предната маска е идентична како и кај најновите генерации од останатите модели на Skoda пред се Kodiaq и Karoq додека задниот дел е идентичен како и најавуваниот модел Scala кој исто така во продажба доаѓа оваа година.

Иако нема многу официјални информации, она што е познато е дека должината на овој модел, во Европа изнесува 4.390 мм, ширината 1.781 мм, висината 1.593 мм додека меѓуоскиното растојание 2,610 мм. Централно место во понудата ќе зазема 1.5 литарскиот TSI мотор кој доаѓа во комбинација со пет степен мануелен и шест степен автоматски менувач.

Премиерата на овој модел е закажана за во март во рамките на престижниот саем за автомобили во Женева додека во продажба ќе се најде во втората половина годинава.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK