Индија станува важен пазар за сите производители и многумина од нив развиваат модели специјално за тој брзорастечки пазар. Меѓу нив е Skoda која официјално потврди дека до крајот на годинава, брендот ќе претстави целосно нов модел.
Моделот ќе се вика Slavia и ќе стане втор специјално развиен модел за локалниот пазар по Kushaq како дел од проектот INDIA 2.0.
Од Skoda коментираat дека, исто како и KUSHAQ, во развојот на целосно новата SLAVIA за Индија, компанијата се фокусираше на очекувањата на локалните потрошувачи, кои според брендот се менуваат многу динамично. Истражувањето на SKODA покажува дека цената, километражата и удобноста се исклучително важни за клиентите.
Заедно со објавувањето на својот нов модел, автомобилската компанија споделува и интересни детали за нејзиниот деловен развој во Индија. Во моментов, во земјата брендот е присутен во 100 градови со 165 продажни и сервисни центри. Целта што ја постави SKODA е да ја развие мрежата на 225 локации до крајот на следната година.