Skoda продолжи со производството на Enyaq iV – прво по 1.000 возила неделно, а потоа и по 370 дневно

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda Auto објави дека по пауза од неколку недели, како резултат на проблеми со снабдувањето со компоненти и елементи, а особено решениeто за ожичување на моделот, компанијата го продолжи производството на својот целосно електричен модел ENYAQ iV.

Од Skoda велат дека првично неделното производство на ENYAQ iV во фабриката на брендот во Млада Болеслав ќе биде во опсег од околу 1.000 единици, а постепено бројот ќе се зголемува во следните два месеци. На долг рок, производителот на автомобили планира да има до 370 возила на ENYAQ iV и ENYAQ COUPÉ iV на дневна основа.

Skoda ENYAQ iV, кој беше претставен на светот во септември 2020 година, дебитираше во две главни верзии со погон на задните тркала и погон на четири тркала, како и во верзии на моќност кои покриваат опсег од 150 до 305 коњски сили.

Компанијата објави дека во зависност од модификацијата, електричниот автомобил може да понуди автономна километража до 510 километри, а автомобилот е опремен со систем за брзо полнење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK