Skoda ќе ги предупредува возачите за лизгави патишта

ОБЈАВЕНО НА:

Од Skoda објавија нова функција на борд системот, проширувајќи ја функционалноста со можност за известување на возачот за лизгазви делови на патот пред него. Новата функционалност е нарекува Local Hazard Information Service и му дава дополнителна информација на возачот за актуелната состојба на патот.

Системот собира и обработува податоци собрани анонимно од други учесници во сообраќајот и при опасност предупредува за лизгави делови на патот или нарушени површини на патот преку инфо комуникацискиот и мултимедиски систем, подобрувајќи ја на тој начин дополнително безбедноста за време на патувањето.

Податоците за функционирањето на Local Hazard Information Service се собираат од борд систмот на самите автомобили, после што тие се испраќаат кон сервер и одновно од него се распространуваат кон другите автомобили.

Од Skoda коментираат дека акумулаторската база на податоци може да биде користена исто така според намената и од локалните власти и одговорни институции и врз основа на нив да се добие информацја за опасност на делови од патот и проблеми со патната инфраструктура.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK