Да се поседува скапо возило значи да се биде богат, да се припаѓа на „големото добро утро“. Но тоа со себе повлекува и трошоци за кои понекогаш и не сте свесни дека се толку високи. Но, ако имате пари да го купите сигурно сте подготвени и да платите за квалитетно одржување.
Понекогаш ниту скапите осигурувања не покриваат сѐ, или пак сопствениците се определуваат за основно осигурување, а тоа значи и проблем во одреден случај. Со ваков проблем се соочила Џесика Лиу од Канада која поседува Aston Martin DB9. Таа го имала неколку месеци возилото пред необјасливо да сврти од патотот и да удри во голем камен, и тоа во декември 2015 година.
Таа го платила возилото неколку месеци претходно за 200.000 канадски долари, и веднаш повикала служба која била овластена да ја изврши поправката. Но, шокот следел кога таа ја добила сметката која била 132.000 канадски долари (околу 100.000 американски долари), бидејќи на автомобилот меѓу другото му било потребно е менување на роторите на карбонски сопирачки, што чинал околу 30.000 долари плус работна рака и нова предна подмаска, која чини околу 25.000 долари плус работна рака. На пример една светилка за фарот на возилото чини 7.000 долари.
Бидејќи осигурувањето било основно, тоа не ги покрило многу од работите што требало да се смени, па возилото останало „заробено“ кај сервисерот. И таму останалао повеќе од една година. Сопственикот одбива да плати толку голема сума, бидејќи имало нелогичноси, на пример зошто да купува два ротори за сопирачкит екога е само еден оштетен, и тоа чини 10.000 долари поевтино. Од друга страна секој ден за „лежарина“ му се наплаќа на сопственикот по 200 долари, и само по тој основ сметката е повсока за околу 18.000 долари.