СКАНДАЛОЗНО – првиот човек на VW користи нацистички слоган

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот човек на Volkswagen Групацијата, Херберт Диз е во центарот на вниманието откако употреби нацистички слоган на јавен настап.

Диз, во рамките на интерен настан на производителот го употреби слоганот “Arbeit macht frei” кој се користеше од нацистичкиот режим во Германија, а беше составен дел и од логорите на смртта.

“Тоа беше несреќен избор на зборови и јас длабокот се извинуван за причинетата болка што ја предизвикав” напиша Диз на својот Linkedin профил.

Инаку слоганот “Arbeit macht frei” за прв пат се појавува во романот на германскиот филолог Лоренцо Дифенбах од 1873 година каде тој пишува дека единствениот пат на коцкарите и лажговците до подобар живот води преку работа.

Сепак овој слоган во нацистичката идеологија дојде откако Вајмарската влада во 1928 година со овој слоган започна да ги назначува големите јавни акции кои требале да доведат до намалување на невработеноста.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK