Штрајк во Audi во Унгарија – стоп и за фабриката во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Вработените во фабриката на Аudi во близина на унгарскиот град Ѓер стапија во штрајк, потврдуваат унгарските медиуми како и портпаролот на германскиот производител.

Пред само неколку недели околу 4.000 работници од фабриката на Audi во Унгарија упатија предупредувачка нота до германскиот производител, бараат поголема плата или во спротивно се заканија со штрајк.

Сепак претставниците на фабриката и синдикатот на вработените не успеаа да се договорат па сега излегоа на протест. Синдикатот бара зголемување на месечната плата за 18% односно бараат најмалата плата да изнесува 75.000 форинти или околу 235 евра.

Во меѓувреме додека траат преговорите и протестите, Audi го стопираше и производството во Инглоштад поради тоа што се соочува со недостаток на мотори кои се произведуваат во унгарската фабрика.

Овој германски гигант во Унгарија вработува околу 13 илјади лица и се вбројува во листата на најголеми работодавци во оваа централно европска земја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK