Што значи кратенката SEAT?

ОБЈАВЕНО НА:

Имињата на производителите односно брендовите на автомобили имаат најразлично потекло т.е. нивните креатори имаат најразлична инспирација.

Така Peugeot своето име го влечи од презимето на основачот Арманд Пежо, Jaguar од истоименото животно, Ford од Хенри Форд итн. Има и такви производители/брендови чиј имиња претставуваат кратенки од нешто. Такви на пример се FIAT, SEAT, BMW…

BMW e Bayerische Motoren Werke, но дали знаете што значат кратенките кај SEAT?

Историјата на SEAT датира уште од пред Втората Светска војна, а оваа фабрика на автомобили била дел и од политиките на диктаторот Франко. Токму Франко наредува на Националниот Институт за индустрија да создаде национален автомобил. Така за таа цел овој Институт на 9 мај 1950 година формира нова компанија која ја носи кратенката SEAT.

Овие кратенки произлегуваат од целосниот назив Sociedad Española de Automóviles de Turismo, S.A. што во некој слободен превод на македонски би дошло Шпанско друштво за автомобили и туризам.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK