Стивен Винклман, првиот човек на луксузниот автомобилски бренд Bugatti во интервју за магазинот Autocar откри и неколку детали за неговиот приватен живот.
Така на прашање на новинарот за тоа што тој во приватниот живот вози, Винклман даде малку изненадувачки одговор. Иако сите очекуваа тоа да е некој Bugatti автомобил, сепак тој вози Porsche Panamera Sport Turismo.
Претходно тој има возено и неколку модели на Audi, a откри и дека често вози некои од Bugatti автомобилите со цел да се за увери во квалитетите на истите.
Покрај за приватниот живот, збореше и за плановитте на Bugatti. Така тој откри дека компанијата во наредните години ќе посвети големо внимание и ќе вложи големи средства во развојот на автомобили. Фокусот при тоа останува на сегшниот сегмент и не е планирано влез во нови.