Компанијата BMW доживеа уште едно „шпионирање“ во својата фабрика, а овој пат станува збор за фотографии од најновата Серија 4, која треба официјално да биде претставена во септември. Судејќи според фотографиите кои беа направени во фабриката на BMW, новиот 2020 BMW Series 4 ќе има иста голема решетка како и Concept 4, која ќе доминира на предниот дел од автомобилот.
Разбирливо е дека фотографиите се направени во брзање, но се доволно јасни да може да се погледне и да се види како ќе изгледа новиот BMW Series 4 кој на пазарот ќе се појави на крајот од летото.
Благодарение на „шпионот“ кој ја кренал церадата има шанса да се види, пред официјалната премиера, големиот преден дел со две решетки, а со дизајнот потсетува на 328, како што тврдат од BMW. Тој модел има две тенки решетки во центарот на неговата префинета предна маска.
Предните светла се единствени за Series 4, а им недостига централниот дел кој се појавува кај светлата во Seriеs 3, додека страничниот дел содржи сет светла во голема мера позајмени од Series 8 со нивниот змиулест изглед. Двата предни и задни вентилациски отвори изгледаат поагресивно отколку на Series 3 со оглед на тоа што BMW се обидуа за воспостави повеќе спортски изглед на модел со две врати во однос на оној со четири врати.
Официјалното претставување на моделот BMW Seriеs 4 Coupe за 2021 година е договорено за досна ова лето, а според наводите на блогот на BMW, визуелно и технички многу сличниот електричен BMW Series 4×4 Concept ќе биде прикажан на Меѓународниот саем на автомобили во Женева на почетокот на март.