Секој ден ќе има нова цена на горивата: Од ноќеска бензинот поскап за 5, дизелот за 10 денари

ОБЈАВЕНО НА:

Поради рекордниот и секојдневен раст на цената на нафтените деривати на светските берзи, Регулаторната комисија за енергетика во иднина секојдневно ќе ги одредува максималните цени на горивата. Од ноќеска цената на бензините се зголемува за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 10 денари.

Од РКЕ посочуваат дека цените на нафтените деривати на светските берзи растат над 21 процент.

Согласно новата одлука на РКЕ, од полноќ новата цена на:
* ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 89,50 ден/лит, а
* ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 91,50 ден/лит.
* ДИЗЕЛОТќе биде 85,50 ден/лит.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари за литар и ќе се продава по цена од 83,50 ден/лит, додека мазутот се зголемува за 6,149 денар/килограм и новата цена ќе биде 54,319 ден/кг.

„Од ден во ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на светските берзи, а дополнително на тоа и курсот на доларот расте, овие се клучни фактори кои влијаат врз крајната цена. Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени, изјави вечерва претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Според Бислимоски, нафтени деривати има во доволни количини, но проблем е високата цена, што не е случај само кај нас, туку и во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK