Сега и во Македонија: Opel Movano – совршена алатка за секоја работа

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај патничките возила со познатиот германски квалитет и напредна технологија, во понудата на Opel има и доставни возила кои се не само барани туку и напредни, и пред се приспособнили за секоја намена и потреба. Еуроимпекс, генералениот увозник за Opel, во соработка со опеловата дилерската мрежа, компаниите „Ауто Цем“ од Тетово и „Аутомакедонија“ од Скопје, одржаа корпоративен настан на кој беше претставена целата товарна и патничка гама од брендот Opel, со најголем акцент на Новиот Opel Movano.

По процесот на детоксификација, Opel брендот има нов лик истакнувајќи се со Opel Vizor на предниот дел и Pure Panel во внатрешноста. Но и покрај тоа, Оpel не ја менува својата ДНК: тој е германски, модерен, доверлив бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн.

„Новото Movano е совршена германска алатка за секоја работа! Овој модел е моќен, безбеден и со незаменлива удобност за возачот. Тој е достапен во повеќе верзии на каросерија: фургон, комерцијално возило со два реда седишта, шасија со единечна или двојна кабина како и сандучар, кипер и конверзии на каросеријата . Товарниот простор е меѓу најдобрите во класата, со капацитет до 17m2 и во него може да се превезе максимум 4 еуропалети. Носивоста е до 2,1t. А, внесувањето на товар во новиот Оpel Мовано оди со леснотија, благодарејќи на широкиот отвор на вратите и нискиот праг за товарање. Погонуван од 2,2 турбо-дизел мотори со силина од 120 до 165 коњски сили, бележи одличен низок резултат кога станува збор за потрошувачката на гориво и емисија на CO2 во сегментот. Целосната електрификација на опеловата товарна гама на возила ја комплетира електрифицираната верзија на Opel Movano погонувано од 37kWh или 70kWh батерија, со корисна носивост до 1,3t, досег до 224km по WLTP и секако 0 емисија на CO2“ – изјави Драган Јовев – Продукт менаџер за Opel, во Еуроимпекс:

Повеќе информации за моделите и услугите можат да се добијат во салоните на Opel, на веб страната opel.mk и на дилерските страници.

Сопштение на Еуроимпекс

Следете не и на:

24AUTO NETWORK