Seat со тизер најави нов концепт

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот производител SEAT во рамките на Mobile World Congress (MWC) кој се одржува во Барселона објави тизер со кој го најавува лансирањето на новиот концепт.

Овој концепт кој во целост ќе биде претставен на 25 февруари, се базира на т.н. мобилна платформа, а при тоа овој концепт е дел од најновата микромобилна стратегија на шпанскиот производител.

Судејќи според тизерот станува збор за градски микро автомобил со преден дел кој воопшто не наликува на некој од постоечките модел иво понудата на SEAT. На настанот збор зема и првиот човек на шпанскиот бренд, Лука де Мео кој неосвртувајќи се на деталите кажа дека производителот ќе се посвети на нудење на нови, алтернативни начини на мобилност како алтернатива на традиционалните.

Инаку ова не е единствениот новитет на SEAT прикажан на MWC саемот. Во соработка со најголемиот шпански телекомуникациски оператор, Telefonica, SEAT го претстави 5G Connected Car програмот кој ја претставува последната генерација на целоно интегриран 5G автомобил.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK