Сè за жените: Audi го менува дизајнот

ОБЈАВЕНО НА:

Моделите на Audi во последните години почнаа визуелно да стануваат помускулести, а тој дизајн е тука бидејќи така сакаа жените.

Audi со новиот Q3 целосно заврши со симпатичниот и убав дизајн па во целост се насочи кон покажување на мускули. Дури ниту А1 повеќе не изгледа така женски додека традиционално женскиот кросовер Q3 во новото издание гордо го покажува новиот изглед. Сето тоа е направено поради жените кои ги бараат овие работи, односно поцврст и малку агресивен машки дизајн.

Ова беше потврдено и од  Audi. Дизајнерот Матијас Финк изјавува:

„Нашата грешка беше во тоа што во минатото мислевме дека сите жени сакаат слатки автомобили“.

Втората генерација на модели Q3 го исправи ова и наметна мускулест дизајн со маркатнтен преден дел и никогаш поголема маска на ладилникот. Тоа го потврдуваат и главните димензии, па така Q3 е чувствително подолг (+96 mm) и поширок (+18 mm) од претходникот, додека висината истовремено падна и тоа за 5 mm.

А Q3 е еден од клучните модели на компанијата. Тој е третиот најпродаван модел на компанијата веднаш зад Q5 и A4, со повеќе од 10 проценти учество во продажбата на Audi. Во Audi се надеваат дека овој нешто посмел дизајн, заедно со дигиталниот кокпит, ќе биде доволно примамлив за потенцијалните купувачи кои покрај технолошката поддршка, ја бараат и онаа емоционалната.

Audi го нуди Q3 во неколку интересни комбинации на мотор, а на располагање е и quattro изведба. Во естетскиот, пак, смисол на палети на додатоци, вклучувајќи ги и двобојните комбинации никогаш не била побогата. Почетната цена е околу 36.500 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK