Китинг Шери го вклучи автопилотот откако ја впишал адресата на болницата во навигацијата, што била 20 минути од местото каде што заглавиле во сообраќајот
Многумина сметаат дека се уште не е време автомобилите самите да управуваат додека вие седите во седиштата, но во случајот на семејството од Филаделфија тоа е сигурно спротивно. Тие токму благодарение на автопилотот на Тesla го добиле второто дете во семејството.
Мајка од Филаделфија се породи, а бебето е родено на предното седиште на електричниот автомобил Tesla додека возел на автопилот. Вонредното породување што било потврдено и објавено во Philadelphia Inquirer, се случило во септември кога Јиран Шери (33) и нејзиниот сопруг Китинг Шери (34) го носеле својот тригодишен син Рафа во градинка.
Јиран Шери имала силни болки и првите значи на породување се појавиле кога семејството било во сообраќаен метеж. Бидејќи контракциите се зголемувале и сообраќајот едвај се движел, парот сфатил дека нема да пристигнат навреме во болницата.
Китинг Шери го вклучи автопилотот откако ја впиша адресата на болницата, на 20 минути од местото каде што заглавија во сообраќајот, во системот за навигација. Сè се случи прилично брзо, а додека стигнаа во болница, малата Мејв Лили веќе беше родена. Двојката размислувала да и го даде името на девојката Тес во знак на благодарност до производителот на автомобили.