Најновите податоци на агенцијата LMC Automotive покажуваат дека побарувачката за нови дизел автомобили во Западна Европа продолжува да опаѓа. Откако паднаа под пазарниот удел од 20% во август, резултатите за септември покажуваат учество од само 18,5% за новите дизели во пазарниот удел, во споредба со истиот месец во 2020 година кога биле 26,6%.
Најголем пад имаше во побарувачката за нови дизел автомобили во септември има во Австрија, со намалување од 15,8%, па сега вкупната бројка е 23,2%. Одливот на автомобили со овој погон е исто така сериозен во Белгија, Грција и Франција, бидејќи во вториот пазарниот удел на дизелот е веќе на ниво од само 20%.
Со 28,7% минатата година, на крајот на првите девет месеци од 2021 година, новите дизел автомобили држеа 22,9% од пазарот на нови автомобили во Западна Европа.
Вкупно, околу 116.200 нови дизел автомобили биле купени во Европа во септември, наспроти 210.200 во истиот месец во 2020 година.
Резултатот за првите девет месеци од 2021 година е 1.658.700 единици, наспроти 1.878.600 за истиот период минатата година.