Следната генерација на Peugeot 208 и верзијата GTi ќе имаат и електрична варијанта, а ова е веќе потврдено и од шефовите во компанијата.
Се очекува новата генерација на 208 да биде претставена во март следната година во Женева, а се планира да биде даде интересен избор на фановите на хотхеч моделите за бензинска или електрична варијанта на 208 GTi.
Новиот 208 ќе ја користи платформата CMP, а ќе биде вклучена и варијатната e-CMP, која се однесува за електромобилите. Од компанијата не сакаат клиентите да прават разлика меѓу бензинските и електричните модели. Затоа секој модел од брендот ќе добие електрична или најмалку електрифицирана варијанта вклучително и верзиите GTi.
Шефот на Peugeot беше категоричен дека брендот нема да тргне по патот на Renault, каде конвенционалниот Clio има свој двојник од електричниот Zoe. Кај Peugeot бензинските и електричните модели ќе бидат во една понуда и дури во едно моделно семејство.