Се е спремно – Peugeot автомобили и на улиците во Њуjорк

ОБЈАВЕНО НА:

Откако ги исполни барањето на администрацијата на САД во поглед на прекинот на сите операции во Иран, францускиот производител Peugeot интензивно работи на враќањето на пазарот во САД.

Како што потврди Лери Доминик, во моментов се имплементира втората фаза од стратегијата за влез на пазарот во САД, а во моментот се разгледуваат локации во 15 сојузни држави за почеток на операциите. Во потесниот избор влегоа Аризона, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Илионоис, Мериленд, Масачусетс, Њу Хемшир, Њу Џерси, Њу Јорк, Северна Каролина, Тексас, Вирџинија и Вашингтон. Причината зошто во овие сојузни држави се бара идеалната локација е фактот што само во овие 15 држави се продадени околу 62% од вкупно продадените возила минатата година.

Претходно, како седиште на американската дивизија на Peugeot беше одбран градот Атланта, каде пред шест месеци се всели раководството на оваа компанија. Оттука ќе се диригираат сите ноти за освојување на американскиот пазар на кој Peugeot ќе биде првиот француски производител. Претходно Renault јавно се откажа од намерите за свое присуство во САД, а како што пренесуваат од PSA тука нема да се продаваат ниту возила од брендовите Citroen и DS.

Oстанува уште многу малку за да видиме Peugeot автомобили низ улиците во Њујорк, Лос Анџелес, Детроит, Мајами и останатите американски градови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK