Компанијата Aston Martin сe naoѓа на чекор од исполнувањето на продажниот план во првата година од производството на новиот модел Vantage, кој својата премиера ја имаше на средината на оваа недела. За време на преставувањето на овој автомобил од Aston Martin отворија книга со нарачки за Vantege, кој на домашниот британски пазар чини 120.900 фунти, додека во Германија почетната цена за ова возило е 154.000 евра.
Неколку дена после претставувањето првиот човек во Aston Martin, Енди Палмер соопшти дека во меѓувреме Vantage бил претставен пред купувачите на приватни презентации и дури 80 проценти од клиентите порачале свој примерок.
„Поголемиот дел од планираните автомобили за производство за следната година се веќе распродадени“, изјави Палмер за Blumberg,
Новиот Vantage користи twin-turbo 4.0 V8 мотор, кој е развиен во германскиот AMG. Моторот е со иста сила како и оној во Aston Martin DB 11 (510 коњски сили), додека максималниот број на вртежи е 685 Nm. Според фабричките податоци, автомобилот развива од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди додека максималната брзина е 313 km/h.