Ривали а соработници: Најнеочекуваните сојузи во автомобилската индустрија

ОБЈАВЕНО НА:

Суровите услови на пазарот, постојаното усложнување на компонентите и механизмите, како и новите продукти и услуги, чија цел е привлекување на клиенти, излегоа од рамките на вообичаеното производство и продажба на електромобили. Затоа и автомобилските компании сè потешко се справуваат со предизвиците на иднината, што ги тера да влегуваат во сојузи дури и со најголемите конкуренти на пазарот.

Според експертите, таквата соработка е целосно оправдана, како на финансиски така и на технички план. Пример за тоа се BMW и Toyota, кои заедно ја развија платформата за Z4 и Supra, како и Daimler и Renault, кои го направија истото за Smart и Twingo.

И се почесто се објавуваат соработките на најразлични нивоа. За да преживеат, дури и големите компании се принудени да ги здружат силите и тие веќе почнуваат да го прават тоа.

BMW + Daimler – автомобилски платформи

Двата германски премиум-производители ќе се здружат во неколку области. Тие ја разгледуаат можноста за заеднички развој на трансмисии, акумулатори за електормобили и технологии за автономно движење.

Можно е и создавање на заедничка платформа со заеднички напори и средства, а на истата ќе бидат изградени компактните модели на BMW и на Mercedes-Benz. Засега сè останува тајна, а од двата концерни тврдат дека се отворени за предлози за соработка.

BMW + Fiat-Chrysler (FCA) – системи за автономно движење

Во текот на летото во 2016 година, BMW објави дека ќе соработува со производителот на микрочипови, Intel  и со компанијата за софтверска опремување на камери, Mobileye. Кон оној сојуз ќе се приклучи уште еден производител, Fiat-Chrysler (FCA), како и три компании за автомобилски делови: Magna, Delphi и Continental.

Целта на BMW е во 2021 година да стартува продажбата на сериската верзија на електромобилот BMW iNext, кој ќе располага со петто ниво на автономија. Идејата за вклучување на FCA е за развојот на беспилотните транспортни возила во САД.

BMW + Daimler + VW – технологии за автономно движење

Дали има некој голем германски сојуз, кој веќе развива технологија за автономно движење? Засета тоа е не е познато, но се знае дека BMW, Daimler и Volkswagen преговараат со производителите на компоненти Continental и Bosch за составање на најдобрите системи за помош на возачот. Идејата е воведување на светски стандарди во оваа област и надминување на конкурентите.

Според последните информации, преговорите почнале уште во септември минатата година, но одат многу тешко. Има варијанта, според која Volkswagen ќе влезе во сојуз со BMW-FCA, па ова е една од можностите за соработка.

Honda + General Motors – батерии за електромобили и автономни системи

Долго време Honda соработуваше со Waymo – подружница на Google Alphabet Out, а целта беше создавање на технологии за автономно движење на автомобили, Во текот на есента во 2018 година, беше објавена соработката меѓу Јапонците и General Motors. Двата производители работеле заедно и порано во областа на производство на батерии за електромобили, а тука GM има големо искуство. Сега двата концерни ќе работат и на заеднички системи за автономно движење.

Fiat Chrysler (FCA), Jaguar Land Rover  –  автономни системи

Концернот FCA се подготвува да ја лиценцира својата технологија за автономно движење, а од Jaguar Land Rover се заинтересирани за нејзино купување. Така двата автомобилски производители се подготвуваат за долгорочно партнерство вооваа област.

Ford + VW  – пикапи и камп приколки

Американско-германскиот сојуз вклучува заеднички развој на леснотоварните автомобили, што ќе биде доволно за поделба на трошоците и ќе го намали до минимум ризикот од воведување на нови технологии како електрична мобилност и системи за автономно движење.

Првиот резултат од ова партнерство треба да биде факт во 2022 година. Двете компании нема да се ограничат само на тоа и ќе продолжат да работат заедно. Станува збор за заеднички развој на системи за автономно движење, на електромобили и во сферата на мобилноста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK