Производителот на електрични хиперавтомобили, Rimac Automobili објави дека официјалната премиера на новиот автомобил на компанијата ќе се одржи на 1 јуни. Новиот автомобил доаѓа три години откако првпат Хрватскиот автомобилски производител во Женева го претстави целосно електричниот C_Two concept.
Без да навлегуваат во детали, од Rimac Automobili само објавија дека за време на дебито ќе бидеме сведоци на „поекстремна изведба, ново официјално име, волшебни одлики, исклучителна технологија и импресивен инженеринг во конечна форма“.
Само пред неколку недели имаше демонстрација на потенцијалот на новиот автомобил на Rimac Automobili, кога основачот на компанијата лично откри некои од динамичките параметри на новиот електричен автомобил и тој со ограничување на 85-90% од потенцијалот.
Веќе е во процес краш тестирањето и глобалната хомологација на моделот. Планот е да се произведат само 150 возила, и очекуваната цена би била околу 2 милиони долари.