Реставрирана BMW E30 за 120.000 евра се продава на Ebay

ОБЈАВЕНО НА:

Се повеќе популарни стануваат автомобилите од 80-те години поради што во последните неколку месеци сме сведоци на неколку неверојатни реставрации на модели кои ја одбележаа оваа деценија. Последната во низа реставрација доаѓа од САД, каде еден љубител на автомобили во целост реставрираше BMW E30 во M3 изведба.

Сопственикот, овој автомобил го купил во 2004 година со оригинална бела боја и во не толку добра состојба поради што тој веднаш започнал со подобрување на состојбата. Најпрво го средил подвозјето, а потоа ги заменил кочниците, амортизерите, стаклата, управувачот, рачниот менувач и други делови од овој автомобил. Секако тука се вбројуваат пневматиците, издувниот систем и седиштата. На крајот го офарбал со портокалова т.е. Valencia Orange боја.

Откако успешно го завршил проектот, автомобилот веднаш го огласил на Ebay каде како почетна цена е наведен износ од 120 илјади американски долари. Инаку овој зависник од автомобили претходно успешно реставрираше неколку други автомобили вклучувајќи Chevrolet Camaro од 1969 година, Ford Bronco од 1967 година и Ferrari F355 од 1995 година.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK