Renault привремено ја затвори фабриката во Турција

ОБЈАВЕНО НА:

Француски Renault е уште еден производител на автомобили кој го почувствува недостатокот на чипови во производството на автомобили. Компанијата ќе го запре производството на автомобили во фабриката во Бурса, Турција по втор пат годинава, откако слична мерка беше преземена минатото лето во траење од 24 дена.

Компанијата не соопшти колку точно ќе трае паузата овој пат, но освен чиповите, локалните медиуми објавија дека недостасуваат и други важни производни компоненти.
Можно е овој пат компанијата побрзо да се справи со проблемот и по кратко време да го врати производството.

Што се однесува до проблемот на глобално ниво, веројатно ќе има таков и во 2023 година, откако повеќе компании објавија дека кризата со полупроводниците сè уште цврсто се чувствува.

Како и досега, нема сигурни податоци колку точно ќе трае кризата и дали наскоро ќе го видиме нејзиниот крај.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK