Renault-Nissan-Mitsubishi направија фонд за автомобилски стартапи

ОБЈАВЕНО НА:

Фонд со висина од 200 милиони долари би требало да биде доволен за придобивка на автомобилските стартапи од страна на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Тоа е веќе влезено во програмата на оваа алијанса така што се работи на приспособување на брзото темпо на развојот на индустријата.

Овој фонд се очекува да биде претставен на меѓународниот саем за електроника (CES) во Лас Вегас. Средствата ќе бидат распоредени по принципот на квота. Renault и Nissan ќе добијат по 40 проценти, додека Mitsubishi ќе добие 20.

Производителите на автомобили се борат што е можно побрзо да се адаптираат на промените и на новите технологии.  Проблемот е во тоа што некои од раководителите тоа многу тешко го сфаќаат.

BMW има купено делови во поголем број на компании за заедничко патување, компании за софтвер кој се користи кај електричните автомобили. Тоа се случи со фондот iVentures кој е со висина од 500 милиони евра.

Другите компании коишто се активни во таа насока се General Motors со својот фонд GM Ventures (240 милиони долари) и инвестициската структура на PSA Group, која располага со 100 милиони евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK