Францускиот прозиводител Renault ја продаде компанијата во Јужна Африка која ја поседуваше со децении. Се работи за Renault South Africa која функционира како главна компанија за увоз и дистрибуција на Renault возилата во Јужна Африка и околнитте земји.
Нов сопственик е Motus, домашна компанија која ги откупи преостанатите 40% од акциите на Renault во оваа компанија по цена од 250 милиони ранди односно 14,3 милиони евра.
Со ова Renault Group и официјално го завршува процесот на купо-продажба кој беше отпочнат пред неколку години, а кој е дел од планот за реконструирање на Renault Group.
Веста ја потврди првиот човек на Motus, Осман Арбе кој додаде дека истовремено е потпишан и договр со францускиот производител од 10 години со кој RSA (Renault South Africa) ќе ги дистрибуира возилата на овој бренд во наредните 10 години во оваа земја. Инаку Motus од претходно ја поседува дилерската мрежа и на Kia и Hyundai во Јужна Африка.