Renault и Geely инвестираат 7 милијарди евра во развој на погонски системи за е-возила

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител на автомобили Renault и кинескиот Geely, сопственик на Volvo Cars, објавија дека потпишале договор за соработка за инвестирање до седум милијарди евра во развојот на погонски системи за возила со хибридни и мотори со внатрешно согорување.

Поделбата на сопственоста меѓу Renault и Geely ќе биде еднаква, а новата компанија ќе има 17 фабрики за мотори, пет центри за истражување и развој на три континенти и ќе вработува 19.000 работници, пишува Reuters.

Заедничкото вложување е насочено кон производство на поефикасни мотори со внатрешно согорување и хибридни системи во време кога фокусот на голем дел од автомобилската индустрија е ставен на капитално интензивна транзиција кон целосно електрични возила. Заедничката компанија станува глобален лидер во развојот, производството и снабдувањето со хибридни и погонски системи базирани на внатрешно согорување, се вели во соопштението на Renault.

Компанијата ќе биде регистрирана во Обединетото Кралство, а трансакцијата се очекува да заврши во втората половина од оваа година.

Компанијата ќе има годишен производствен капацитет до пет милиони мотори со внатрешно согорување, хибридни и plug-in хибридни мотори и менувачи. Се очекува да снабдува повеќе индустриски клиенти при лансирањето, вклучувајќи ги Volvo, Proton, Nissan, Mitsubishi Motors и PUNCH Torino.

Новиот потфат ќе генерира годишен приход од 15 милијарди евра. Renault исто така забележува дека саудискиот нафтен гигант Aramco, кој потпиша писмо за намери со двете компании на почетокот на март, ја анализира можноста за стратешка инвестиција во нова компанија. Инвестицијата на саудиската компанија ќе овозможи истражување и развој на новата генерација синтетички горива и технологии за водород, додаде француската компанија. Саудискиот производител на нафта беше вклучен во напредни разговори за преземање до 20 отсто од акциите во заедничкото вложување, изјавија извори претходно оваа година.

Во последниве години, големите нафтени компании соработуваа со производители на автомобили за да развијат одржливи горива и водородни мотори. Во овој случај, Aramco ќе стане првиот голем производител на нафта што ќе инвестира во автомобилскиот бизнис.

Заедничкото вложување се очекува да започне во втората половина на 2023 година. Renault во вторникот соопшти дека глобалната продажба на нејзиниот водечки бренд се зголемила за 11 отсто во првата половина од годината на 770.807 единици. Зголемувањето го одразува забрзувањето од растот на продажбата од 9 отсто, забележан во првиот квартал од 2023 година.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK