Renault и Geely ги здружуваат силите – заедно ќе произведуваат хибридни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Renault и најголемиот кинески производител Geely потпишаа партнерство според кое ќе развиваат и произведуваат хибридни автомобили наменети за повеќе пазари во Азија.

Овие две компании веќе соработуваат на кинескиот пазар каде Renault автомобилите се базираат на архитектурата на Geely автомобили. Со новото партнерство, акцентот ќе се стави на хибридната технологија, а не се исклучува можноста и за идна соработка во однос на електрификацијата.

Акцентот при тоа ќе биде поставен на јужнокорејскиот пазар на кој пак, Renault соработува со технолошкиот гигант Samsung. Првиот модел кој ќе го претстави ќе се темели на новата, напредна Lynk&Co платформата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK