И покрај фактот дека Париз најверојато ќе стане првиот град во Европа кој целосно ќе ги забрани дизел моторите, Renault ја актуелизираше понудата за Blue dCi. Француската компанија ќе пушти во целосна експлоатација четири мотори вклучувајќи го и дизелскиот Blue dCi 200, кој беше претстаевен деновиве
Сите тие одговараат на најновите стандарди за вредностите на емисиите на штетни материи и се нудат со автоматски менувач, а во основа со 7 степен EDC, како и со CVT варијанта како во Koleos.
Најголемиот dCi 200, развива 200 коњски сили моќност и 400 Нм вртежен момент. Тоа е 2-литарски мотор со еден турбокомпресор. Исто така има помалку моќна верзија од 160 коњски сили која ќе го замени би-турбо моторот 1,6 dCi, кој има 20 Нм поголем вртежен момент. Имам360 место 340.
Користејќи го новото решение SCR (селективна каталитичка редукција), с о која се опремени и двата мотори, компанијата успеала да постигне претворање на емисиите на NOx во азот и вода. Намалувањето на емисиите е постигнато со поставување на системот SCR поблизу до моторот (во споредба со претходните технологии), а ефективноста зависи од температурата на обработените гасови.
Овој дволитарски мотор е со две верзии, кои ќе бидат пуштени во производство во Нормандија на крајот од годината, а ќе ги добијат моделите Espace и Talisman. Покрај тоа има dCi 120 и 150. Тоа се 1.7-литарски мотори, кои ќе го заменат 1.6 dCi.
Во исто време Renault го претстави и новиот мотор на бензин TCe 225 EDC GPF, опремен со технологија за контрола на честичките прав (GPF). Тој ќе биде произведуван во Кореја и ќе се монтира на Espace и Talisman во комбинација со 7-брзински менувач EDC.