Renault Austral дури 235 пати го обиколи светот за да го потврди квалитетот

ОБЈАВЕНО НА:

Austral помина речиси 3 милиони километри (2,8 милиони километри поточно) на сите видови патишта во Франција, Шпанија, Германија и Романија до завршувањето на потврдните тестови. Градски патишта, автопати, главни патишта, рамни и планински терени... И при сите временски услови!

Пред да пристигне во салоните, моделот Renaulr Austral помина речиси три милиони километри на сите видови патишта како дел од тест со кој треба да се потврди неговиот квалитет. Околу сто тест возачи се смениле зад неговиот волан и се обидоа да се стават во кожата на клиентите. Нивната цел беше да ги испитаат можностите за подобрување и на тој начин да обезбедат најдобро ниво на уживање во возењето, квалитет и доверливост.

Под лидерство на Тиери Шарве, директор на одделот за индустриска ефикасност и квалитет на Групацијата Renault, беше дизајниран стратешки план за подобрување на квалитетот, кој исто така е еден од основните столбови на стратегијата Renaulution.

Во срцето на планот за подобрување на квалитетот беше доверливоста на новите модели во развој, што доведе до радикални промени во тестовите на патиштата што беа извршени пред секоја продажба да започне. Така е дизајниран нов тип на тест, кој денес го знаеме како „потврден тест“.

„ Повеќе од стотина вработени во Renault Group интензивно тестираа флота од 160 возила на сите видови патишта, а самото тестирање се одржа во неколку земји. Ова ни овозможи да откриеме што треба да се подобри и да имплементираме околу 350 подобрувања пред да се појави Austral во салоните, вели Шарве.

Austral помина речиси 3 милиони километри (2,8 милиони километри поточно) на сите видови патишта во Франција, Шпанија, Германија и Романија до завршувањето на потврдните тестови. Градски патишта, автопати, главни патишта, рамни и планински терени… И при сите временски услови!

Повеќе од стотина вработени во Renault кои учествуваа во тестовите користеа апликација за паметни телефони за да ги пријават сите аспекти на возилото што треба да се подобрат. Таа апликација им помогна на инженерите и експертите за брендови да собираат и анализираат податоци во речиси реално време.

Благодарение на големиот број поминати километри за време на потврдните тестови, Renault успеа да ги идентификува можните проблеми со Austral долго пред моделот да биде пуштен во продажба, а со тоа обезбеди поголем квалитет, сигурност и издржливост во текот на целиот животен век на возилото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK