Технологијата е позната, но досега екстракцијата на маслото од алгите бараше повеќе енергија отколку што се добива при самото извлекување. Со новиот млазен миксер процесот добива и економски смисол.
Научниците од Универзитетот во Јута објавија информација која вели дека развиле нов метод за извлекување на биогориво од алги, што може да се користи како гориво за бродови, авиони и автомобили. Технологијата дозволува брзо и економично ефективно искористување на горивото во индустриски цели.
Процесот развиен од екипа под раководство на Ленард Пејс е овозможен со помош на млазен миксер. Со негова помош научниците го извлекуваат маслото од молекулите на масни киселини во алгите, а дизел моторите може да работат со добиеното гориво.
Технологијата е позната, но досега екстракцијата на маслото од алгите бараше повеќе енергија отколку што се добива при самото извлекување. Со новиот млазен миксер процесот добива и економски смисол.
Новиот миксер ги „напаѓа“ алгите, создавајќи турбуленција што ги принудува липидите да скокаат на блиско растојание во растворувач со повеќекратна употреба. Процесот трае неколку секунди и може да се користи исто така за добивање на гориво од бактерии, габи, па дури и микроби.