Растат регистрациите на нови патнички возила во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Регистрациите на нови патнички возила незначително се зголемија во септември 2022 година, на 224.800 единици што е за 14 отсто повеќе во споредба со септември минатата година.

Во првите девет месеци од оваа година, оваа бројка изнесува речиси 1,9 милиони нови возила – седум проценти помалку од истиот период минатата година. Ова го соопшти Здружението на автомобилската индустрија (ВДА). Споредено со преткризната 2019 година, годинава има продажен дефицит од 32 отсто.

И покрај севкупниот мал број на нови регистрации, постигнат е раст од минатиот месец. Во септември минатата година, меѓу другото, во бројки се почувствува глобалниот недостиг на полупроводници. Отсуството на примарни и интермедијарни производи се уште е на сила. Ова заедно со општата неизвесност поради тековната војна во Украина, продолжува да има пригушувачки ефект врз развојот и производството на пазарот.

Новите регистрации на електрични возила во септември се зголемија за речиси 29 отсто и со тоа достигнаа обем од 72.800 единици. Уделот на електричните автомобили во сите нови регистрации минатиот месец беше 32,4 отсто, што е најголем удел оваа година.

Новите регистрации на целосно електрични патнички возила (BEV) се зголемени за 32 проценти, додека оние на plug-in хибриди (PHEV) се зголемени за 24 проценти. Од почетокот на годинава се регистрирани вкупно 488.800 електрични автомобили.

Севкупно, продажбата е за два отсто поголема во споредба со истиот период минатата година. Производството на патнички автомобили во Германија се зголеми во септември петти пат по ред. Германските производители произведоа 366.700 автомобили (+65 проценти во споредба со септември 2021 година).

Од почетокот на годината во Германија се произведени 2,5 милиони патнички автомобили, осум отсто повеќе отколку во месеците од јануари до септември претходната година. Сепак, нивото на производство во 2019 година пред кризата со корона сè уште беше 30 проценти повисоко од она во тековната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK