Range Rover ќе вози и еден метар под вода

ОБЈАВЕНО НА:

Land Rover успеа значително да ги унапреди своите модели Range Rover и Range Rover Sport за 2019 година. Клучен детаљ е воведувањето на P400e plug-in хибридниот систем кој наводно ќе овозможи возење од околу 50 километри само на електричен погон.
Батеријата е со капацитет од 13,1 kWh и може да се наполни за точно два часа и 45 минути користејќи 220V/32 Amp полнач.

Освен тоа, двете возила на Range Rover, дури и хибридната верзија ќе можат без проблеми да се движат низ вода и тоа со длабочина од речиси еден метар, сè додека постои површина која им овозможува на тркалата да влечат.

Иако ретко кој сопственик на Range Rover ќе се обиде до таа мерка да го тестира лимитот на своето возило, Wade Sensing системот ќе биде достапен во сите варијанти од следната година. Range Rover P400e хибридниот систем се состои од 2,0-литарскиот четирицилиндричен трубо бензинец со 296 коњски сили, како и електромотор од 114 коњски сили сместен меѓу СУС агрегатот и осумстепениот менувач.

Вкупно овој систем му дава на Range Rover речиси 400 коњски сили и 640 Nm вртежен момент, а Land Rover тврди дека од 0 до 100 км/ч забрзува за 6,4 секунди. Цената на Range Rovera со P400e хибриден систем ќе се движи од 96.000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK