Раководството на Stellantis предводено од претседателот на компанијата Џон Елкан, извршниот директор Карлос Таварес и претседателот на FIAT, Оливие Франсоа, остварија средба со папата Фрањо во Ватикан.
На средбата на папата му беше претставен и електричниот Fiat 500 за кого претставниците на Stellantis ги потенцираа неговите карактеристики како и позитивниот еколошки импакт. Се збореше и за фабриките на еден од најголемите производители ширум светот како и интегритетот и етиката во секојдневното работење на Stellantis.
И папата Франциск ги сподели своите познавања во автомобилската индустрија, а од Stellantis ги потенцираа своите заложби за производство на чисто електрични автомобили.
Претходно Папата го претставија и претставници на американската компанија Fisker кои му подарија електричен папамобил. Повеќе за ова може да прочитате ТУКА.