Раиконен реши: Оди во пензија годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Финецот Кими Раиконен реши да ја заврши активната кариера како возач во Формула 1. Тој во моментов е највозрасниот возач кој има 40 години, а на 17 октомври ќе наполни 41.

Возачот на Alfa Romeo, Кими Раиконен има намера да ја заврши кариерата по крајот на сезоната 2020 година, објави „InsideRacing“. Овој викенд Раиконен ќе го извести тимот дека нема намера да остане во шампионатот за 2021 година.

Годинава Финецот сè уште нема освоено ниту еден бод, а на унгарското Гран-при за прв пат во својата кариера стана најбавен возач во квалификациите.

Светскиот првак во Ф1 од 2007 година не е во посакуваната форма. Зад себе има 315 настапи на трка, 21 победа и 103 пати бил на подиумот. Откако замина од Ferrari тој две сезони возеше и во рели WRC за тимот на Citron. Двапати беше и светски вице-првак во 2003 и 2005 година, и трипати третопласиран во генералниот пласман во првенството во 2008, 2012 и 2018 година.

До крајот на тековниот шампионат, Раиконен има можност да го собори рекордот на Рубенс Бариkело по бројот на настапи во шампионатот во Формула 1 кој изнесува 322 трки.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK