Франко Џиролами се наметна како главен конкурент за освојување на пол позицијата на трката од TCR Europe на Нирбургринг. Возачот на македонскиот тим на PSS Racing беше втор на првот слободен тренинг, а потоа на вториот тренинг имаше најбрзо време. Негов конкурент би требало да биде Микел Аскона, и двајцата возачи исто така ќе бидат конкуренти за титулата во TCR Europe.
Утре во 10,10 часот во квалификациите сигурно ќе биде многу поинаку зошто тимовите некогаш знаат и да калкулираат, но секако слободните тренинзи веќе укажуваат на тоа кој возач би требало да биде во врвот.
Одличен прв тренинг имаше и Виктор Давидовски која го освои 8. место. На вториот тренинг потоа го освои 18 место, но извозе само 4 круга во споредба со другите, особено они еод Топ-10 кои имаа по 7 до 10 извозени кругови.
Џиролами е втор во генерален пласман на TCR Europe со 200 бодови, зад лидерот Микел Аскона. Нашиот Виктор Давидовски е на 15 место, но тоа поради технички причини го пропушти претходниот тркачки викенд во Холандија и сега повторно се враќа во кабината на Honda Civic.
Покрај квалификациите, утре се вози и првата трка, и тоа од 14,55 часот, а втората е во недела од 12,50 часот.