Најпродаваниот модел од брендот на Fiat Professional под кој се продаваат комерцијалните возила на Fiat, моделот Ducato доби големо признание. Така овој модел, според Dataforce е најпродаваното комерцијално возило во Европа, признание кое го добива за прв пат во последните 40 години.
Иако минатата година цела Европа беше во целост блокирана од пандемијата на коронавирусот, сепак ширум “Стариот континент” биле испорачани 49.020 примероци од Fiat Ducato што е рекордна продажна бројка. Претходно 2018 година беше рекордна за Ducato кога беа испорачани 35.074 примероци од овој модел.
Ducato кој со децении е бестселер кога се во прашања комерцијалните возила, за прв пат во понудата е претставен во 1981 година кога овој модел ја дели истата платформа и архитектура како и Alfa Romeo AR6, Peugeot J5, Citroen C25, Fiat Talento и Talbot Express.
Оттогаш па се до денес претставени се три генерации, а последниот фејслифт е претставен во 2014 година. Новата, четврта генерација се очекува да биде претставена во текот на 2023 година, а како и досега, новот Ducato ќе биде заедно произведувано со Peugeot Boxer, Citroen Jumper како и Ram ProMaster.