Прво недостаток на чипови – сега нов проблем за производителите на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку месеци производителите на автомобили се соочуваат со големи проблеми поради недостатокот на чипови. Toyota, Fiat, Nissan, Renault, Opel, Volkswagen се само дел од производителите кои се соочуваат со такви потешкотии поради што мораа да го редуцираат производството.

Но проблемите на производителите не застануваат тука. Сега, дел од нив се соочуваат со голем проблем поради недостатокот на пена која се користи кај производството на седишта.

Експерт за автомобилската индустрија за американскиот медиум Crain’s Detroit Business изјави дека од 8 март голем дел од производителите на седишта го редуцираат производството, а дел од нив може и целосно да го прекинат. Причината е тоа што тие не може да ја обезбедат неопходната компонента за производството на пената која пак ја набавуваат од рафинериите на нафта.

General Motors и Toyota го потврдија овој проблем наведувајќи дека се во постојана координација со своите добавувачи додека Hyundai, Kia и BMW наведоа дека будно ја следат ситуацијата. Stellantis го потврди овој проблем со кој се соочува автомобилската индустрија, но наведе дека тоа нема импакт врз нинвото работење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK