Проверете дали и вашиот автомобил е тука: Овие возила најмногу се расипуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Кога некоја организација има традиција во истражување на квалитетот тогаш нејзините резултати се земаат за многу веродостојни. Така е и со Ј.D. Power and Associates, компанија која се занимава со анкети за задоволство на клиентите со квалитетот и достапноста на нови возила.

Секоја година се објавува анкета за задоволство на клиентите. Доверливоста е одредена од бројот на проблеми откриени на 100 автомобили.

Помал број на собрани поени значи подобар квалитет. Студијата опфати 177 специфични проблеми групирани во осумте главни категории на возила. Истражувањето беше спроведено помеѓу октомври и декември 2016 година за возила од 2014 година.

Имаше 38.186 возила кои учествуваа. Истражувањето заклучи дека најголемиот проблем се јавува кај технологијата во категоријата мултимедијални системи. Студијата ги проучува областите околу моторот, пренос, мултимедија, греење, ладење, аудио и навигациски систем, општ впечаток за возење, итн.

Според студијата најмногу расипливи автомобили се:

1. Ford focus (2004-2011)

2. Opel (Vauxhall) Astra H (2004-2013)

3. Peugeot 206 (1998-2009)

4. Ford Transit (2006-)

5. Opel(vauxhall) Corsa D (2006-2014)

6. Volkswagen Golf Mk.5 (2003-2008)

7. BMW 3 E90 (2005-2014)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK