Во Марторел произведен 10 милионитиот автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред 25 години беше свечено отворена фабриката на Seat во шпанскиот град Марторел, оваа фабрика прослави еден друг јубилеј – 10 милиони произведени автомобили.

Овој 10 милионит произведен автомобил беше Seat Aronа , FR изведба со 1.5 литарски TSI мотор кој го обезбеди своето место во историјата.

Oваа фабрика која е изградена во 1993 година, а во февруари истата година е свечено пуштена од страна на сега веќе поранешниот шпански крал Хуан Карлос I. Распространета е на површина од повеќе од 2.8 милиони метри квадратни и при тоа е составена од 15 згради.  Во целиот 25 годишен изминат период се произведувале 39 различни модели.

Денес во оваа фабрика работат 12.500 вработени, а од производствената лента секојдневно излегуваат 2.400 автомобили од моделите Seat Arona и Audi A1.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK