Продажбата во Шпанија скокна за 128% – Stellantis и Peugeot доминираaт

ОБЈАВЕНО НА:

Најпродаван автомобил е Peugeot 208 со продадени 2.898 примероци, 158 повеќе од Citroen C3 на втората позиција.

Продажбата на нови автомобили во Шпанија конечно забележа позитивни бројки. Официјалните податоци покажуваат дека во март годинава во однос на март минатата година продажбата пораснала за 128%.

Во апсолутни бројки станува збор за продадени 85.819 примероци што сепак е далеку помалку од продажбата во март 2019 година. Процентуалниот пораст е резултат на големиот пад на продажбата во март минатата година кога Шпанија беше парализирана поради коронавирусот.

Лидер во однос на продажбата минатиот месец е Peugeot со продадени 8.687 возила. Следи уште еден бренд на Stellantis, Citroen со продадени 6.359 примероци. На третата позиција со продажба од 5.601 примерок и пораст на продажбата од 6,5% се наоѓа Toyota. Најдобрата петорка ја заокружуваат уште Hyundai и Volkswagen со продадени 5.409 односно 5.278 примероци.

Вкупно 5.007 жители на Шпанија во третиот месец годинава се подновија со нов Seat, а значителна продажба остварија и Renault, Kia, Mercedes и Fiat кој се наоѓаат на топ 10 листата најпродавани брендови за март 2021 година.

Најпродаван автомобил е Peugeot 208 со продадени 2.898 примероци, 158 повеќе од Citroen C3 на втората позиција. На третата позиција се наоѓа Nissan Qashqai со 2.310 примероци па потоа Fiat 500 со 2.221 примерок и Opel Corsa со 2.097 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK