Пристигнаа во Македонија: Новиoт BMW Серија 7 и првиот BMW XM

ОБЈАВЕНО НА:

Инспирирани од новата дефиниција за луксуз и Forwardism, компанијата М Кар пред македонската публика ги претстави најмоќните BMW модели од луксузниот сегмент. Првиот, целосно електричен модел од седмата генерација на BMW Серија 7, — BMW i7 и сензационалниот BMW XM. Претставените модели на новиот BMW Серија 7 се веќе во продажба во Македонија

Јазикот на луксузот се менува. Новиот јазик на BMW Group е Forwardism, — постојано предизвикување на конвенционалноста денес, за да ни овозможи трајна радост утре и подалеку. A централно место во оваа интерпретација е токму BMW i7.

Седмата генерација на моделот се појавува на сцената 45 години по дебито на BMW Серија 7, сега како најнапредно и најиновативно возило во луксузниот сегмент. BMW Серија 7 уште еднаш се потврди како симбол за силата на иновативноста во BMW Group. Сепак, шоуто го украде изненадувањето на вечерта, — сензанционалниот BMW XM. Со неверојатни 748 коњски сили BMW XM ги поместува границите на луксузот и возењето. Тој е најфасцинантнa едиција создадена од BMW M, токму за нивната 50 годишнина.

Претставените премиум автомобили се сосема различни во својата суштина, но и двата модели ветуваат луксузно моторно искуство и нова димензија на уживање во возењето.

Првиот BMW i7 не само што внесува нов член во семејството на BMW Серија 7, туку и дефинира прогресивен пристап кон луксузот за BMW брендот. BMW i7 воведува нова ера што се одликува со иновации во полето на одржливоста и дигитализацијата. Новиот BMW Серија 7 создава напредни начини за уживање во задоволството при возењето, ненадмината удобност при патувања на долги релации и врвно дигитално искуство. Целосно електричниот луксузен седан е полноправен член на семејството на овој модел и јасно покажува како ексклузивното искуство при возењето и врвното чувство на удобност во автомобилот може да се комбинираат со безрезервна посветеност на одржливоста.

Новиот BMW Серија 7 се карактеризира со модерен стил, што се фокусира на најважните елементи во дизајнот на надворешноста и на внатрешноста. Иновативните елементи, како што се BMW Theatre Screen, генерација BMW iDrive, BMW Curved Display и Manoeuvre Assistant за автоматско паркирање и маневрирање го нагласуваат прогресивниот карактер на луксузниот седан. Освен поголемото ниво на удобност и уникатниот систем за забава во возилото, опцијата Executive Lounge за задниот дел со оптимизирано накосување на позицијата на седиштето и новата внатрешна лајсна од BMW Individual Merino кожа/кашмир ја максимизира благосостојбата во автомобилот.

Но уште неколку поважни иновации го дополнуваат единственото искуство, — монолитен дизајн на површината, BMW илуминирана бубрежна решетка, Iconic Glow кристални предни светла, автоматско отворање и затворање на вратит, висок процент на природни на рециклирани материјали, два електромотори со системска моќност од 400 kW/ 544 КС, електричен опсег до 625 km. Sky Lounge панорамски стаклен покрив со LED светлосни линии, 5-5-инчни екрани на допир на задните врати и безброј прогресивни иновации, кои го подобруваат корисничкото искуство, поврзаноста и одржливоста на автомобилот.

BMW XM e новиот израз на М моќта, но овој пат електрифицирана. Тој е најголемото изненадување и новиот освоен врв на компанијата за 50 годишнината на BMW M. Надворешниот дизајн на BMW XM е израз на ексклузивност, појава и перформанси. Пропорциите на модерен SAV, моќните контури, динамично издолжената силуета, белезите на дизајнот, типични за М, но и елементи карактеристични за моделите од луксузниот BMW сегмент и многубројните впечатливи акценти, му даваат на XM уникатно екстровертна аура.

Новоразвиениот M HYBRID погонски систем, екстравагантниот дизајн и прогресивниот луксузен амбиент во BMW XM се соединуваат за да создадат нова интерпретација на концептот за SAV за сегментот со високи перформанси, што ќе им го направи достапно неспоредливото М чувство на нови целни групи и пазари.

BMW XM LABEL RED е најмоќниот BMW M модел некогаш направен. Најмоќниот сериски произведен автомобил за патишта во историјата на BMW M GmbH има системска моќност од 550 kW/748 кс (добиени со комбинација од мотор со внатрешно согорување со моќност до 430 kW/585 кс и електричен погонски систем со до 145 kW/197 кс). Производството на BMW XM започна во фабриката на BMW Group во Спартанбург во САД во декември 2022 година, а во продажните места насекаде низ светот ќе биде достапен во пролетта 2023 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK