Hyundai го претстави редизајнот на N изведбата на третата генерација од моделот i30 позната и како Elantra на северноамериканскиот пазар.
Станува збор за благо изменет дизајн кој опфаќа нови предни и задни LED светла, изменет преден и заден браник како и нови 19 инчни алуминиумски фелни во понудата.
Иако не се објавени официјални информации околу мотористиката се очекува централно место да заземе 2.0 литарскиот турбобензински мотор со 250 КС како и верзија со 275 КС која доаѓа во Performance нивото на опременост. Тука е и шест степениот автоматски и мануелен менувач.
Продажната цена засега останува непозната, а првите испораки од овој модел треба да се очекуваат кон крајот на годинава.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]