На саемот во Шангај американскиот производител и официјално го претстави моделот Zephyr Reflection. Импресивниот седан кој ги собра позитивните критики уште на првиот ден доаѓа како најдобриот автомобил на Lincoln во историјата.
Со оваа лимузина, Lincoln на најдобар можен начин го оживува името Zephyr кој го носеше автомобилот кој Ford го произведуваше во периодот од 1936 до 1942 година во Детроит.
Дизајнерската филозофија која Lincoln подолго време ја практикува како премиум бренд на Ford, е присутна во секој детал, како во надворешноста така и во внатрешноста каде доминира огромниот т.н. coast-to-coast екран, кој додава одредени футуристички црти во дизајнот.
Напредната технологија која е вградена во внатрешноста, а која го има епитетот “смарт” овозможува одлично искуство на возачот кој со најмали напори би ги совладал сите предизвици на патот. За достигнување на највисокиот степен на задоволство во возењето, во овој автомобил е вградена и најнапредната технологија составена од безбедносни и сигурносни системи.
И покрај одличниот дизајн на овој автомобил, американците се гневни, и со право. Овој автомобил ќе биде достапен исклучиво на кинескиот пазар, па иако станува збор за американски бренд, сепак, раководните лица се одлучиле да не го продаваат во САД.
Во Кина доаѓа кон крајот на оваа, не подоцна од првиот квартал следната година. Останатите технички карактеристики како и цената ќе бидат дополнително објавени.