Уште во април годинава пред почетокот на саемот во Шангај, Mitsubishi го најави новиот, целосно електричен модел Airtrek. Сега, и официјално ја имаше својата премиера.
Се работи за целосно електричен кросовер кој Mitsubishi ќе го произведува заедно со GAC (Guangzhou Automobile Group). Овој кросовер во кинеската понуда на јапонскиот производител, ќе се позиционира помеѓу Eclipse Cross и Outlander. И кај овој модел во предниот дел доминира т.н. Dynamic Shield дизајн на предниот дел.
Тоа значи дека нема да биде достапен на европскиот и американскиот пазар за кој јапонскиот производител се очекува да претстави нов целосно електричен модел.
Што се однесува до самиот модел, истиот е со должина од 4.586 мм, ширина од 1.920 мм, висина од 1.728 мм и меѓуоскино растојание од 2.830 мм. Доаѓа со електромотор од 135 kW односно 184 КС и 350 Nm. Батеријата е со капацитет од 80 kWh и автономија од 500 до 600 КС според NEDC стандардите.