Пред 30 години произведен е последниот Спачек

ОБЈАВЕНО НА:

Во јули пред точно 30 години или поточно во 1990 година од производствената лента на фабриката Citroen во Мангуалде, Португалија излезе последниот 2CV автомобил попознат како Спачек.

Последниот производен автомобил бил со број на шасија AZKA0008KA4813 во двобојна каросерија, темна и сива боја.

Овој последно произведен Спачак бил од последната верзија наречена Чарлстон, а покрај двобојната каросерија располагал и со мотор од 602 ccm кој продуцирал максимални 29 КС.

Интересно е што купувачот на овој автомобил е Клод Хеберт, главниот менаџер на португалската фабрика на Citroen.

Иако овој автомобил се смета за последно производениот Спачек, сепак одредени извори тврдат дека во нaредните неколку месеци биле произведени додатни пет такви автомобили. Еден од нив бил специјално произведен за потребите на саемот за автомобили во Париз, а по него е произведен уште еден автомобил за кој не се знае за кого бил наменет и каде се наоѓа денес.

Покрај во Мангуалде, овој автомобил од самото лансирање на пазарот во 1948 па се до 1990 година се произведувал и во неколку други фабрики ширум ветот и тоа во Франција, Белгија, Велика Британија, Аргентина, Уругвај, Чиле, Шпанија, но и во Копер, тогашна Југославија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK