Европската дивизија на Toyota ја објави почетната цена за спортската GR изведба на Toyota. На најголемиот европски пазар на автомобили, германскиот, оваа верзија ќе се продава по цена од 33.200 евра. Околу 33 илјади евра се очекува да биде и цената во Франција, Холандија, Италија, Шпанија и околните земји.
Под хаубата Yaris GR доаѓа со моќниот 1,6 литарски трицилиндрен турбо бензински мотор со 257 КС и 360 Nm обртни моменти. Доаѓа во комбинација со 6 степен мануелен менувач, погон на сите четири тркала и со аеро кит.
Овој модел е веќе достапен за нарачки, а во слобода продажба, најпрво во Германија ќе се појави уште овој месец.