Она што првично FCA го претстави во стратешкиот развоен план сега добива на потврда – Maserati ќе претстави нов SUV модел следната година.
Ова практично значи дека Maserati ќе ја збогати понудата со уште еден SUV, покрај Levante, една година пред 2022 година кога првично беше планирано.
Детали околу новиот модел не се познати. Она што е познато е дека за производство на овој модел ќе бидат вложени 800 милиони евра, во изградба на нови прозиводствени линии и обука на персоналот.
Новиот модел ќе се позиционира под Levante, па се очекува да биде поставен на истата архитектура како и Alfa Romeo Tonale.