Потврда од Audi Sport: Нема да се прават модели со четири цилиндрични мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Во одделот на Audi Sport во кој се задолжени за спортски и тркачки модели на компанијата од Инголштад, велат дека нема да го следат патот по кој тргна Mercedes-AMG пред некој ден.

Никој не го оспорува луксузниот потенцијал на најновата хибридна верзија на Mercedes AMG C63, чија комбинација од дволитарски четирицилиндричен турбо бензински мотор и електромотор произведува 680 „коњи“, но има многумина кои мислат дека AMG не треба да се откажаа од V8 моторот во најмоќната C-класа, кој досега беше суштинска состојка на одговорот на Mercedes на Audi RS4 и BMW M3.

Според последните изјави од Инголштад, во одделот Audi Sport во кој се задолжени за најмоќните модели со ознака RS, немаат намера да го следат патот по кој тргна Mercedes-AMG.

„Јасно е дека делумната електрификација е неизбежна, но сепак ќе ги комбинираме нашите идни хибридни модели со турбо бензински мотори кои ќе имаат пет, шест или осум цилиндри. Четири цилиндри во приказната за верзиите RS не се прифатливи за нас“, рече Константин Дреслер, првиот човек на маркетингот во одделот Audi Sport. во неодамнешната изјава за медиумите

Пред целосно напуштање на производството на мотори со внатрешно согорување, кое е планирано во Audi за 2033 година, засега е познато дека првиот хибриден модел потпишан од Audi Sport треба да биде RS Q5, кој покрај електромоторот треба да биде придвижуван од познатиот 2, 9-литарски битурбо V6 мотор на Audi.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK