Постигнат е договор – Сузука во Ф1 календарот уште три години

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарната Формула 1 патека во јапонскиот град Сузука останува во календарот на најпопуларното авто-мото натпреварување уште најмалку три години. Ова следи откако раководствто на патеката го официјализираше договорот со Ф1 организаторите, па така на оваа патека ќе ги следиме возбудувањата најмалку до 2024 година.

“Среќен сум што трките од Формула 1 ќе се одржуваат на Сузука и наредните три години. Јапонија зазема посебно место во срцата и мислите на навивачите ширум светот, а на Сузука се случиле многу легендарни моменти на нашиот спорт” изјави првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали.

Трките на оваа легендарна патека се одржуваат во континуитет уште од 1987 година, рекордот во поглед на најбрзиот круг го држи Луис Хамилтон кој во 2019 година со неговиот Mercedes AMG F1 W10 болид го извозе кругот за време од 1:30.983.

Овогодинешната трка е закажана за 10 октомври и е 17-та по ред во овогодинешниот календар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK