Германскиот производител Porsche објави дека ја одложува премиерата на електричната Cross Turismo изведба на Taycan.
Според првичните планови, Porsche продажбата на оваа верзија требаше да ја отпочне кон крајот на оваа година, но пандемијата на коронавирусот си го направи своето.
Сега, како што изјави Оливер Блум, првиот човек на производителот, промоцијата на оваа изведба ќе се изврши во текот на следната година, непрецизирајќи кога точно.
Инаку се очекува оваа изведба да дојде со поголем клиренс, а достапен ќе биде во три верзии со 523 КС, 671 КС и 751 КС.